Македонија
28. November 2025 - 12:17

Водовод: Водата во Димо Хаџи Димов била санитарно исправна

Водовод и Канализација утрово инофмираше дека водата во основното училиште Димо Хаџи Димов во скопско Влае веројатно не е причината за серијата проблеми со кои се соочуваат поголем број основци кои имаат симптоми на стомачни болки и повраќање.

Од ова јавно претпријатие велат дека по извршените анализи, квалитетот на водата е во рамки на пропишаните стандарди.

Секторот за санитарна контрола зема 4 примероци од две локации (училница и кујна) од кои две за физичко-хемиска анализа и две за микробиолошка анализа.
Од добиените резултати сите примероци физичко-хемиски и микробиолошки одговараат на Правилникот за барање за безбедност и квалитет на водата за пиење, при што констатираме дека водата во ООУ Димо Хаџи Димов во општина Карпош е санитарно исправна и истата може непречено да се употребува – се вели во соопштението на Водовод и канализација.
Дополнително, останатите институции земаа мостри за други видови на анализи.

Се испитуваат работните површини, приборот за исхрана во кујната како и површините каде што учат учениците. Резултатите од овие анализи ги очекуваме денеска рано попладнево. Сите детали ќе ги имаме во следното информативно издание.