-->
-->
Битолчанец пијан во 10 часот претпладне, возел со 2,86 промили алкохол во крвта
-->

Од секторот за односи со јавност при СВР Битола посочуваат дека вчера во 10 часот, полициски службеници од СВР Битола на улицата „8 Септември“ во Битола го лишија од слобода Б.Т. (50) од Битола.
При контрола на патниот сообраќај, полициските службеници запреле патничко возило „голф” со битолски регистарски ознаки, кое го управувал Б.Т., и по преземени мерки било констатирано дека е под дејство на алкохол, односно измерени му биле 2,86 промили алкохол во крвта. Тој е задржан во полициска станица и по документирање на настанот против него ќе биде поднесена пријава за „безобѕирно управување со моторно возило”.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Почина Кетрин О’Хара, ѕвездата од „Сам дома“
-

Граѓаните од струмичко од понеделник можат да поднесуваат барања за проценка на штетата направена поради поплавите
-

Ѓоковиќ донесе одлука – нема да се појави на терен
-

Од утре „Сејф сити“ почнува да казнува, МВР со апел да се почитуваат правилата
-

Од 1 февруари почнува сезоната за спортски риболов на водите во НП „Маврово“
-

Приведени двајца турски државјани поради криумчарење мигранти
-

Данска го совлада Исланд за финале против Германија
-

Министерството за правда на САД објави нови досиеја за Епстин, вклучувајќи 3 милиони документи и слики
