Водостопанство „Брегалница“ ќе гради девет водозафати
Две фирми доставиле понуда на тендерот за изградба на девет водозафати на реките на подрачјето на хидросистемот „Брегалница“, а електронската аукција е закажана за утре.
Како што истакна директорот на водостопанската подружница „Брегалница“ - Кочани Николчо Гоцев, водозафатите ќе бидат лоцирани на реките Злетовска, Кочанска, Оризарска и Брегалница, а за нивна изградба се наменети 1,8 милиони денари од Програмата за финансиска поддршка на руралниот развој за 2016 година.
- По завршување на аукцијата ќе биде избрана фирма-изведувач и ќе се пристапи кон реализација на проектите, рече Гоцев.
Водозафатите се бетонски праг за зафаќање вода и пренасочување за потребите на земјоделските површини. Предвидено е да се изградат под мостот на Злетовска Река каде што поминува железничката линија, на Оризарска и Кочанска Река на вливот во Брегалница, како и на Брегалница кај месностите Ормански, Зрновски и Прибачевски Јаз, во близина на мостовите кај Виница и Грдовци и кај месностите Слатина, Оризарска Лака и Шакирски Јаз.
Ново на Сител
-
Мицкоски: До крајот на мандатот сите јавни услуги ќе бидат достапни онлајн
-
Германија бара поддршка од ЕУ за „центри за враќање“ на одбиените баратели на азил
-
Форбс: Илон Маск стана првиот човек со богатство од 500 милијарди долари
-
Четириесет проценти од младите до 18 години пушат - бројките се алармантни
-
СПМ: Лидерите на СДС и ДУИ нудат безобѕирна реторика
-
Андоновски: Работиме на воведување слободен роаминг за земјите од Западен Балкан со ЕУ
-
НБ: Граѓаните сè почесто ги избираат дигиталните канали за плаќање
-
Првиот снег на повисоките места во Дебарско, по патиштата се препорачува внимателно возење поради влажни коловози и одрони