НБ: Граѓаните сè почесто ги избираат дигиталните канали за плаќање

Натамошен раст на електронските плаќања, при што сè поочигледно е дека граѓаните почесто ги избираат мобилните апликации и платежните картички за извршување на плаќањата отколку шалтерите, покажуваат најновите податоци од платежната статистика на Народната банка (НБ) за вториот квартал од 2025 година.
-Во споредба со истиот период минатата година, електронските плаќања со платни налози бележат раст за 9 отсто по број и за 20,9 проценти по вредност. Особено е брз растот на електронски иницираните плаќања преку дигиталните канали, односно трансакциите растат за 18,6 отсто, а вредноста за 28,3 проценти. Најголемиот дел од платежните трансакции иницирани преку дигиталните канали (71,3 отсто) се извршени преку мобилни апликации, што потврдува дека преовладува употребата на мобилниот телефон како најбрз и наједноставен начин на плаќање, информираат од НБ.
Нагласуваат дека се зголемува и користењето на платежните картички.
-Бројот на плаќањата со картички е поголем за 8,4 отсто, а нивната вредност за 11,4 проценти. Зголемувањето најмногу произлегува од зголеменото купување преку интернет (14,8 отсто), но раст има и кај плаќањата во продавниците (7,9 проценти). Овие податоци јасно укажуваат дека сѐ повеќе граѓани се префрлаат на дигиталните начини на плаќање, прецизираат од Народната банка.
Ново на Сител
-

Објавен Коментар на Законот за општа управна постапка - важен за Сејф сити и сите управни постапки
-

Опожарен продажен објект во Куманово
-

Ѓорѓиевски: Даноците и цената на паркингот ќе останат исти
-

Ќе бидат обележани околу 150 „црни“ точки на скопските улици за поголема безбедност во сообраќајот
-

Во Дебарско лани се родиле 148 бебиња, од нив 132 во Општина Дебар и 16 во општина Центар Жупа
-

Од компликација од грип почина 62-годишен маж
-

Приведен 51-годишник од Пепелиште, при претрес пронајдени се 25 туби со по 20 литри нафта за кои не поседувал документација
-

Град Скопје блокираше 18 илјади сметки за неплатен данок на имот
