Водостојот на Вардар повисок од јануарскиот просек на речиси сите мерни места
Водостоите на дел од реките во земјава се повисоки од просекот за јануари. Кај останатите тие или се во рамки на декемврискиот просек или под него. Кај езерата зголемување на водостојот се бележи кај Дојранското, кај Преспанското е понизок, а кај Охридското езеро водостојот е во рамки на просекот, покажуваат податоците од мерењата што ги врши УХМР.
Водостојот на реката Вардар е повисок од просекот за овој месец на речиси сите мерни места. Повисок востостој се бележи кај реките Пчиња, Струмица, Радика и Црн Дрим. Понизок водостој од просекот за овој месец се бележи кај реките Брегалница, Треска и Црна Река.
Според податоците од УХМР, температурата на Охридското езеро измерена утрово е 6 степени Целзиусови, на Дојранското 5 и на Преспанското 3 степени. Температурите на сите Охридското и Преспанското Езеро се под просекот за јануари, а на Дојранското Езеро е повисока од јануарскиот просек.
Ново на Сител
-
ЦУК: Конститутивна седница на Управувачкиот комитет за координација
-
Кривична пријава за 16-годишник од Крива Паланка, украл автомобил од сограѓанин
-
Тешко повредени мајка и ќерка од Гостивар откако врз нив паднала порта
-
Ужас во Скопје: Го киднапирале и го натерале да се самозапали
-
Оливер Миланов ја презеде функцијата директор на Агенција за храна и ветеринарство
-
Злате Мехмедовиќ ќе биде новиот директор на Клиниката за физикална медицина и рехабилитација
-
Франција распореди 30.000 полицајци поради страв од немири на денот на изборите
-
Кој е Кир Стармер, идниот британски премиер?