Во железницата намален бројот на патници, зголемен товарниот сообраќај

Во патничкиот превоз во вториот квартал од годинава во однос на тој период лани е забележан раст на бројот на превезени патници за 13,6 проценти. Според објавените податоци на Државниот завод за статистика, во градско-приградскиот првоз раст има за 9,6 отсто, во воздухопловниот за 5,7 проценти, додека во железничкиот превоз има намалување за 23,5 проценти.
Во однос на првото тримесечје од 2017 година бројот на превезените патници во патничкиот превоз е зголемен за 21,5 отсто, во градско-приградскиот превоз за 4,8 отсто, во железничкиот превоз за 27,5 отсто, додека во воздухопловниот превоз е зголемен 33.
Во второто тримесечје од 2017 година, во споредба со второто тримесечје од 2016 година, количеството на превезената стока во товарниот патен превоз е зголемено за 45,7 отсто, во воздухопловниот превоз за 17,4 отсто, додека во железничкиот превоз е зголеменo за 85,5 отсто.
Во однос на првото тримесечје од 2017 година, количеството на превезената стока во товарниот патен превоз е зголемено за 53,2 отсто, во воздухопловниот превоз за 32 отсто, додека во железничкиот превоз е зголеменo за 51,8 отсто.
Ново на Сител
-

2026 - Година на раздолжување и задолжување
-

ВРЕДИ очекува министер плус по заминувањето на Меџити - Од Влада велат преговори нема
-

Повик за изработка на бесплатни веб-сајтови за локалните самоуправи и јавните институции
-

Востановување на националната награда „Роксан Стојанов“
-

Преглед на вестите од светот
-

ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ е на дното
-

Фалат лекови поради бирократски процедури
-

За 40 проценти намалено производството на електрична енергија на хидроенергетскито систем Црн Дрим
