Во Врање досега вакцинирани 2.032 Mакедонци, без закажување можно вакцинирање и во Ниш и во Нови Сад
Според последните податоци на Градскиот штаб за вонредни состојби во Врање за време на викендот вакцинирани се 927 граѓани на Република Македонија, јави дописникот на МИА од Белград.
Од ПР службата на Здравствениот дом во Врање соопштија дека досега во овој град со првата доза се вакцинирани 2.032 граѓани на Македонија.
Од денес граѓаните на Македонија можат да се вакцинираат на главниот пункт за вакцинација во Врање, во Спортската сала, без претходно закажување и претходно подготвени списоци.
Од Здравствениот дом во Ниш за МИА изјавија дека и во овој град македонските државјани можат да се вакцинираат без закажување преку е-Управа.
Покрај граѓаните на Србија, македонските граѓани и граѓаните на БиХ, можат да се вакцинираат и во Нови Сад без покана од е-управа.
Достапни се вакцините на Синофарм, Астразенека и Фајзер, додека „Спутник В“ се дава само на граѓаните кои добиле покана од е- Управа.
Главниот техничар на Здравствениот дом „Нови Сад“, Ненад Вукас, за 021.rs изјави дека странците од овие две земји можат да се вакцинираат на Новосадскиот саем, како и во трговските центри БИГ и Променада, додека вакциналниот автобус ќе ја менува својата локација секој ден.
Ново на Сител
-
Милановиќ: Македонија не смее да биде жртва на уцени за членство во ЕУ
-
Мицкоски: Не смееме да заборавиме – криминалците се шетаа слободно, денеска законот важи за сите
-
„Најголема енергетска инвестиција во последните 10 години“ - Почнува изградбата на интерконекторот со Грција
-
Таравари со една нога надвор од Владата
-
СДСМ обвинува за корупциски скандал во Куманово, ЗНАМ демантира
-
Намалување на апетитот за проширување на ЕУ
-
Дали со лажни потврди за примени вакцини во Бугарија родители сакаат да ги запишаат децата во училиште?
-
500 ученици во хуманитарна трка