Во Вевчани започна Вевчанско лето
Синоќа во Вевчани со маестралната изведба на Монодрамата ,,Кармен” на Биљана Драгичевиќ Пројкоска во режија на Дејан Пројковски започна манифестацијата Вевчанско лето под покровителство на Општина Вевчани, а во организација на здружението Вевчани турист инфо.
Манифестацијата ја отвори градоначалникот на Вевчани Спасе Кочовски кој истакна: - Во овие специфични моменти на живеење многу е важно да поддржиме проекти кој се интерес на општото добро на луѓето, проекти кој ќе им понудат културно издигнување, уживање, релаксација, едукација.
Токму тоа е Вевчанското лето наменето за Вевчанци, за туристите кои доаѓаат во нашата општина и за сите љубители на убавото. Манифестацијата трае до 31.Август, а на програмата се застапени содржини за сите возрасти и вкусови: концерти на сериозна музика, ликовни изложби, детски театарски претстави, музички содржини, спортски настани, научни летни школи и др.
Ново на Сител
-
Тема на денот со Бојан Кордалов, комуниколог
-
Избори во Германија, 630 пратеници за новиот состав Буденстагот
-
При градежни работи пронајден човечки труп
-
Затвореници со секојдневен излез се обиделе да внесат дрога и пари во Идризово
-
Преговори за откуп на тутун
-
Нема доволно водичи кои говорат германски јазик
-
Гејминг центар што обединува: Деца од различни светови, иста игра
-
Преглед на вестите од светот