Свет
12. March 2023 - 8:45

Во верижниот судар во Унгарија над 30 лица се повредени

Над 40 возила и камиони се судрија во верижен судар во Унгарија, во близина на Будимпешта. Унгариските медиуми јавуваат дека има голем број повредени лица и опожарени возила. 

Несреќата се случила вчера попладнето на околу 25 километри западно од Будмпешта. Според првичните информации што ги објавија унгарските медиуми, 20-тина возила се целосно опожарени, а околу 36 луѓе се повредени. На лице место веднаш се упатиле бројни пожарникари, полицајци и екипи на итната медицинска помош.

Се претпоставува дека причина за сударот е силниот ветар кој носел облаци прашина и ја отежнувал видливоста на автопатот М-1.