Македонија
29. March 2016 - 13:56

Во велешкото село Иванковци бетонирани улиците, решен и проблемот со атмосферските води

Градоначалникот Славчо Чадиев заедно со Илија Димовски пратеникот во Собранието на Република Македонија, денеска направи увид на завршените бетонирани улици во селото Иванковци.
 
Со проектот „Изградба на улици во село Иванковци“ нагласи градоначалникот Славчо Чадиев, се уреди центарот на селото.
 
- Воедно  се овозможи поврзување на централната со попречните селски улици и се реши проблемот со прифаќањето и одведување на атмосферските води, потенцира Чадиев.
 
Финансирањето на проектот  со средства во висина од 5,5 милиони денари е од  Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој од Програмата за финансиска поддршка на рурален развој за 2015 година насловена „Обнова и развој на селата“.