Македонија
2. December 2024 - 16:37

Респираторните инфекции ги полнат педијатриските амбуланти и клиниките!

Од 70-80 прегледи дневно во педијатриските амбуланти. Респираторниот синцицијален вирус и инфекциите причина за зголемен број на болни деца кои мака мачат со кашлица а често доаѓа и до бронхити и пневмонии. За посериозна клиничка слика лекарите ги упатуваат пациентите до детските болници. Дополнителни комликации прави и загадениот воздух кој главниот град постојано го сместува на листата најзагадени метрополи во светот.

-Загадениот воздух со тие микро честички ја оштетува слузницата на дишните патишта и создава место за развој и делување на вируси и бактерии и потоа настануваат компликации – вирусни и бактериски пневмонии. Згора на тоа и ладното време, сите се во колективи внатре има можност за брзи контакти и можноста за пренесувањ еод еден на друг е голема, вели д-р Митка Тренчева, педијатар. 

Во ординациите има од бебеиња до школски деца кои бараат помош. 

-Кај помалите деца, оние понезрелите со имунолошкиот систем, кај деца кои скоро поминале некоја инфекција може да дојде и до долнореспираторна инфекција, вели д-р Тренчева. 

Од Клиниката за Детски болести ни изјавија дека веќе имаат зголемен број на пациенти со респираторни инфекции и одделот за пулмологија е речиси полн. За разлика од Детска, од Клиниката за респираторни заболувања кај деца Козле не успеавме да дознаеме каква е состојбата со прегледи и хоспитализации. И покрај пораките до менаџментот, јавувања и интервенции преку здравствените власти, за други медиуми има, но за Сител ТВ изјава нема.