Постапка за Екс директор
Поранешен в.д директор на јавна здравствена установа си ја вработил снаата, сопруга на неговиот син во неговата институција. Иако постоел судир на интереси, сепак не се изземал од постапката, контатираше Антикорупциска. Откако била констатирано дека постои злоупотреба , в.д директорот платил глоба за прекршок, а потоа во мај бил и разрешен од страна на Министерството за здравство.
На денешниот дневен ред на седницата на ДКСК не се најде пријавата против директорот на Агенцијата за национална безбедност Бојан Христовски за кого беше поднесена претставка до Антикорупциска по повеќе основи за наводно неисполнување на условите да биде директор.
Во однос на случајот, доставени се неколку пријави до ДКСК. Од страна на ДКСК поднесени се барања за прибирање на потребна документација за утврдување на фактичка состојба, за што уште течат законските рокови за доставување на истата. По утврдување на фактичката состојба ќе биде донесена одлука на јавна седница на ДКСК, велат од Антикорупциска за предметот за Христовски.