Во Велес ќе се засадат околу 30 илјади садници
Во акцијата „Ден на дрвото 2016“ во околината на Велес на површина од 10 хектари ќе се засадат од 25 до 30 илјади садница од млади дрвца. Акцијата ќе се изведе на локацијата Дерин дере во непосредна близина на Градската депонија на Велес, а и годинава ја организира Подружницата на Македонски шуми ШС „Бабуна“ Велес во соработка со општина Велес.
Во акцијата „Ден на дрвото 2016“ ќе учествуваат ученици, вработените во јавните претпријатија од градот, припадниците на АРМ од велешкиот гарнизон, пензионери и членови невладини и еколошки организации, како и сите заинтересирани граѓани кои сакаат самоиницијативно да се вклучат во акцијата за пошумување.
Организаторите обезбедија и бесплатен автобуски превоз до локацијата за пошумување. Автобусите ќе поаѓаат во 9 часот кај ОССУ „Коле Неделковски“, како и на постројката за автобус пред Основниот суд и кај ЕВН ЕСМ Велес. На овие две места автобус ќе има и во 11 часот.
Акцијата „Ден на дрвото - Засадија својата иднина“ во Велес се спроведува од 2008 година од кога секоја година континуирано на повеќе локации во околината на Велес и езерото „Младост“ се засадени повеќе илјади садници млади дрвца.
Ново на Сител
-
ВМРО-ДПМНЕ вечерва на митинг во Богданци
-
СДСМ вечерва на митинг во Ѓорче Петров
-
Тема на денот со Маја Мојсова, кандидатка на СДСМ за Карпош
-
Шаини: Мојата сопруга не стои врз мојот обид за убиство
-
Битолскиот суд одби да го стави Марковски во притвор
-
Обвинетиот кој со мотор усмрти пешак призна вина
-
Кандидатите за градоначалници за Скопје со бројни ветувања за подобар град
-
Партиските изборни карвани со нови ветувања за поубави општини