-->
-->
Во Унгарија стапи во сила законот за задолжително сместување на мигрантите во кампови
-->
Од денеска во Унгарија стапи во сила законот, со кој се превидува изградба на посебни кампови за сместување на сите мигранти.
Како што јави ДПА, со овој контроверзен закон, кој предизвика многу спорови, се предвидува сите баратели на азил, вклучително и адолесцентите над 14-годишна возраст, да бидат сместени во два кампови крај унгарската граница со Србија.
Законот беше усвоен кон почетокот на месецов и предизвика остри критики од страна на Високиот комесаријат на ОН за бегалци (УНХЦР).
УНХЦР соопшти дека овој закон ќе има „ужасен ефект“ и дека ќе ги „трауматизира луѓето“.
Правните експерти оценуваат дека законот ги крши меѓународните конвенции за бегалци.
Инцијатор за усвојувањето на овој закон беше унгарскиот премиер Виктор Орбан.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Извршен комитет на ВМРО-ДПМНЕ
-
Протест за Вардариште
-
Тема на денот со Илија Димовски
-
Шест пратеници влегоа во АНБ со иста цел, но различни барања
-
Пожарот во Дрисла ги угуши скопјани
-
Какви последици врз здравјето предизвикува горење на депонија?
-
Проф. Трајковски: Аерозагадувањето не смее да се прифаќа како нормално
-
Азир Алиу го промовираше Здравствениот совет - Најави и ангажман на лекари од приватно во јавни установи