Во Унгарија се одржуваат локални и европски избори
Во Унгарија денеска се одржуваат локални избори и избори за унгарски претставници во Европскиот парламент (ЕП). Право на глас на локалните избори имаат околу 7,85 милиони луѓе на 10.
119 избирачки места низ земјата. Избирачките места се отворени од 6 до 19 часот.
Речиси исто толку луѓе можат да гласаат за унгарски претставници во Европскиот парламент на избирачките места во Унгарија и во 147 унгарски претставништва во странство, како и по пошта.
За првпат ќе гласаат повеќе од 216. 000 млади луѓе. Изборните листи на 11 политички партии, кои ги потврди Државната изборна комисија, се во конкуренција за 21 пратеник во Европскиот парламент.
Објавувањето на прелиминарните резултати од локалните избори почнува во 20 часот, додека прелиминарните резултати од изборите за ЕП се очекуваат околу 23 часот, по завршувањето на гласањето во сите земји-членки на ЕУ.
Ново на Сител
-
Предлог-буџетот за 2025 на собраниската седница закажана за 10 декември
-
Винисиус сака да ја продолжи кариерата во Саудиска Арабија
-
При претрес во Радовиш, пронајдена дрога, пушка и муниција
-
Променливо време со повремен дожд и ветер до крајот на неделава
-
СДСМ и натаму бара лидерска средба
-
ВМРО-ДПМНЕ: Ниту лидерска средба, ниту Заев нема да го направат Филипче лидер на опозиција
-
Кошта : Иднината на Западен Балкан е во ЕУ
-
Скопје и утрово најзагаден град во Европа