Свет
7. September 2016 - 8:53

Во три американски напади во Јемен убиени 13 припадници на Ал Каеда

Тринаесет членови на Ал Каеда биле убиени во Јемен во три антитерористички напади на САД од 24 август до 4 септември, соопшти Централната команда (Сентком) на САД.

Трите напади се извршени врз Ал Каеда на Арапскиот полуостров во централната јеменска провинција Шабуах.

Командата не прецизира како се извршени нападите ниту кои се убиените членови на Ал Каеда.