Во Тиквешко се бере грозје и ноќе на светлина од рударски ламби
Во Тиквешко се бере грозје и ноќе на светлина од рударски ламби. Ова го потврдија денеска од Здружението на македонски енолози за МИА, нагласувајќи дека ноќната берба има одредени предности од енолошки аспект, кога се работи за бели сорти на грозје.
Но, исто така, ноќната берба претставува и своевидна авантура и атракција, па е потенцијал за идна промоција при развојот на винскиот туризам во најголемиот лозарски регион во државата.
-Ноќната берба се практикува во модерното винопроизводство, посебно во земји каде ноќите изладуваат и до минусни темепратури, а дневните температури се околу 30 степени. Кај нас има високи дневни температури и за среќа, ноќите во август изладуваат. Токму тоа треба се искористи, кога ноќите се ладни и темперарурата е некаде под 15 степени целзиусови, тоа време може да се искористи за берба на белите сорти, појасни Елена Богева, потпретседател во Здружението.
Таа додаде дека најчесто, во модерното винопроизводство, бербата на грозје е со комбајни и тоа беспрекорно може да се одвива ноќе.
-Како земја со топла клима и со високи дневни темепратури, ова е добра идеја да се практикува и кај нас, кога ноќе температурите се спуштаат под 15 степени и грозјето изладува за брзо, нагласи Богева.
Ново на Сител
-
Во Белград комеморативни собири по повод две години од масовното убиство во ОУ „Владислав Рибникар“
-
Хјустон го победи Голден Стејт и израмни во плејофот во НБА
-
Јанта Волеј нов македонски одбојкарски шампион
-
Вашингтон пост: Администрацијата на Трамп планира намалувања во ЦИА и други разузнавачки агенции,
-
Воена парада во Вашингтон за годишнината на американската војска и 79-от роденден на Трамп
-
Поради здравствени проблеми Вучиќ ја прекина посетата на САД и се враќа во Белград
-
Премиерот Мицкоски ќе присуствува на поставување на камен темелник за изградба на автопатот Тетово - Гостивар
-
Фенербахче сака да го купи Душан Влаховиќ