Во Тетово повторно откриени и приведени Индијци поради нелегален влез во Македонија
Во текот на вчерашниот ден во Тетовско во два наврата околу 12 часот и 50 минути и 14 часот и 40 минути приведени шест лица од Индија кои немале соодветни документи и нелегално влегле во Македонија. Ова е втор случај за два дена во тетовско да се откриваат индијски државјани кои незаконски влегле во државата.
-Во непосредна близина на наплатната станица Желино, полициски службеници привеле шест лица од Индија, кои се превезувале во два автобуси на гостиварски автобуски превозник. Индијците, од кои тројца на возраст од 22, потоа 26, 37 и 39 години, поради илегален влез во нашата земја и непоседување на потребните документи биле спроведени во Полициската станица за граничен премин Табановце, информира портпаролот на СВР Тетово, Марјан Јосифоски.
Пред два дена тројца Индијци беа приведени во Тетово откриени на булеварот „Видое Смилевски-Бато“. За сите е покрената постапка за реадмисија во нивната држава.
Ново на Сител
-
Извршен комитет на ВМРО-ДПМНЕ
-
Протест за Вардариште
-
Тема на денот со Илија Димовски
-
Шест пратеници влегоа во АНБ со иста цел, но различни барања
-
Пожарот во Дрисла ги угуши скопјани
-
Какви последици врз здравјето предизвикува горење на депонија?
-
Проф. Трајковски: Аерозагадувањето не смее да се прифаќа како нормално
-
Азир Алиу го промовираше Здравствениот совет - Најави и ангажман на лекари од приватно во јавни установи