Во Тетово кај 10 правни субјекти утврдени повреди од интелектуална или индустриска сопственост
Кај 10 од досега контролираните 13 правни субјекти во Тетово биле утврдени различни видови повреди на интелектуална или индустриска сопственост при денешната заедничка контрола на владиното Координативно тело за заштита на индустриска и интелектуална сопственост заедно со претставници од СВР Тетово, Управата за јавни приходи, Државниот пазарен инспекторат и Државниот инспекторат за индустриска сопственост, информираше претседателот на Координативното тело Мите Костов на прес-конференција што се одржа во СВР Тетово.
- Акцијата во Тетово ќе трае во текот на целиот ден и таа се реализира по добиени пријави до Координативното тело и согласно акциониот план за сузбивање на пиратеријата, фласификуваните производи и другите повреди на индустриската и интелектуалната сопственост, рече Костов.
Тој посочи дека од од еден правен субјект односно фирмата „Пофикс“ се одземени три компјутери кои работеле со нелиценциран софтвер и оти нивните сопственици ќе се соочат со соодветни пријави. Во останатите 9 контролирани објекти во Тетово откриени се најразлични фалсификувани производи - шампон за коса, обувки,патики и чевли, од познати светски марки при што во предпладневните активности одземени се 100 пакети со шампони од марката „Хед енд шолдерс“, над 100 пара обувки и други производи. Фалсификуваниот шампон бил откриен во магацинот на „Оптимал плус“ лоциран на излезот од Тетово додека обувките и другите текстилни производи во продавниците М.Б.Шус, Далас, Фати и Колумбија во Трговскиот центар во градот, продавницата Беса на улицата Јане Сандански и Мистер Интернет клуб.
- Ваквите активности ќе продолжат и во наредниот период на територијата од целата држава а следен предизвик на телото ќе биде таканаречената интернет-пиратерија. Во Кочани и Струмица веќе се откриени две фирми вклучени во овој вид пиратерија чии сопственици веќе заработиле соодветни пријави и каде во тек се судски процеси. Согласно акциските планови ќе се контролира и работењето на кабловските телевизии и нивните дозволи за реемитување на програми, изјави Костов.
Ново на Сител
-
Канада испраќа во Украина дронови, муниција и оклопни возила вредни милијарда канадски долари
-
Приведен 43-годишен родител на фудбалер, по инцидентот на натпреварот меѓу пионерските екипи на „Шкупи“ и „Брегалница“
-
ФФМ го осуди инцидентот на натпреварот Брегалница – Шкупи: Нема компромис со насилството
-
Димитриеска-Кочоска во Загреб на потпишување Меморандум, Македонија се вклучува во иницијатива за унапредување на пазарите на капитал во Централна и Југоисточна Европа
-
Пропадна уште еден обид за конституирање на Собранието на Косово
-
Српскиот претседател претстави нови економски мерки за подобрување на животниот стандард на жителите на државата
-
Приведен 29-годишник, возел со 171 километри на час на место каде е дозволено 100
-
Приведен 36-годишник, при претрес на неговиот дом пронајдена е дрога