Во Струмица згрижени 50 деца во целодневен престој
Педесет деца на возраст од шест до десет години од четири основни училишта од понеделник се згрижени во целодневен престој во посебна просторија во „Клон 2“ во Детската градинка „Детска радост“ во Струмица.
Децата денес ги посети градоначалникот на Струмица, Коста Јаневски. Тој истакна дека овој проект бил дел од неговите предизборни ветувања.
- Го вративме целодневниот престој на децата-ученици во основните училишта во општината и убеден сум дека во наредниот период ќе го решиме проблемот со просторот и што поголем број деца ќе бидат вклучени во целодневниот престој, каде што ќе можат да учат и да се дружат во присуство на стручен кадар, изјави градоначалникот Јаневски.
Со учениците во целодневниот престој работат двајца воспитувачи од одделенска настава.
Децата имаат обезбеден превоз од и до училиштата, а добиваат појадок и ручек.
Цената за користење на целодневен престој за еден месец е 1.500 денари.
Ново на Сител
-
Во Италија прогласена петдневна жалост
-
МВР: Граѓаните да бидат внимателни и да не отвораат сомнителни пораки
-
Инспекторатот на Општина Карпош провери 50 градби и изрече 26 казни
-
Синдикалната минимална кошница за април 2025 година изнесува 62.691 денари
-
Во Битола ќе се врши вонредно заловување на кучиња скитници во центарот на градот
-
Советот на Народната банка на седница ги усвои Годишниот извештај и Извештајот за ризиците во банкарскиот систем за 2024 година
-
Намален е бројот на годишни пријави за семејно насилство во Куманово
-
Собранието ќе добие ново лого