Во Струмица гласаат позитивните на Ковид-19 и лица во самоизолација
Претпладне петчлениот дополнителен избирачки одбор, составен од здравствени работници, го почна гласањето на болните од ковид-19 и лица во самоизолација во општина Струмица. За гласање се пријавиле шест лица, сите од селото Дабиле, кои досега гласале на две избирачки места.
-Преземени се сите мерки според протоколот за заштита како на членовите на избирачкиот одбор, така и на избирачите, информира претседателот на Општинската изборна комисија на Струмица, Томислав Андреев.
Во општина Струмица во Избирачкиот список се запишани 49.341 гласачи, кои своето избирачко право ќе го остварат в среда на 83 избирачки места.
За утре за гласање се пријавени 466 болни и изнемоштени лица, а заедно со нив ќе гласаат и затвореници од Затворот во Струмица, Терапевтската установа „Покров“ и Заводот за заштита и рехабилитација на деца и младинци „Бања Банско“.
Инаку, во општините Струмица, Василево, Босилово, Ново Село, Радовиш и Конче за гласање на претстојните предвремени парламентарни избори се пријавени 1.416 болни и изнемоштени лица и седум лица во самоизолација, шест од Струмица и едно од Босилово.
Според општинските изборни комисии бројот на пријавени болни лица е многу поголем во споредба со претседателските избори кои се одржаа лани.
Само во општина Струмица пет избирачки места од вкупно 83 се преместени на други локации, бидејќи не ги исполнуваат условите според здравствените протоколи за изборите закажани на 15 јули.
Право на глас во овие шест општини имаат над 110.000 граѓани на 192 избирачки места.
Ново на Сител
-
Двајца битолчани украле бакарен кабел и други предмети во вредност од 2.970.000 денари
-
Делегација на ВМРО-ДПМНЕ во Валенсија
-
Find Your Beauty: dm ве поканува на најголемиот beauty настан досега
-
Бектеши останува во притвор, одлучи Апелациониот суд
-
ЕК: Прекинот на струја во Шпанија и Португалија не е кибер напад, но е лекција за потребата од подготвеност
-
Додека го апселе прилепчанец украл пиштол на полицаец
-
Исчезна 11-годишно дете од СОС Детско село
-
Викендот сончево и топло, следната седмица повремен дожд и појава на грмежи