Во српскиот Парламент ќе се гласа за предлогот за државниот буџет за 2025 година
Пратениците во српскиот Парламент денеска ќе гласаат за предлог-буџетот за 2025 година на седница што ќе почне во 10:00 часот.
Пратениците ќе гласаат за повеќе од 50 други точки на дневниот ред, јави Бета.
Собраниската седница почна во понеделникот, но беше прекината по неколку инциденти и тепачка меѓу претставниците на власта и опозицијата, кои побараа на дневен ред да се најде предлог за гласање недоверба на Владата на Србија поради смртта на 15 лица кога се урна бетонска настрешница на влез на железничката станица во Нови Сад на 1 ноември.
По паузата во која пратениците од опозицијата, како што тврди власта, ги оштетиле микрофоните и екраните во собраниската сала, пратениците од мнозинството без расправа ги усвоија сите точки на дневниот ред, а претседателката на Собранието Ана Брнабиќ веднаш ја затвори седницата.
Ново на Сител
-
По кавгата во овалната соба, Трамп и Зеленски си испратија пораки
-
Анализа: Зеленски ќе се врати во Вашингтон, Македонија заседе добра позиција
-
ОЈО: Итно постапување за тешки прекршоци и кривични дела во сообраќајот
-
ВМРО-ДПМНЕ: Дали се отвара пат Андов да избега?
-
9 години се бара правда за убиството на Димитар
-
Ќе се откаже ли државата од придонесите за повисок минималец?
-
Инвесторите во ТИР зоните имаат потреба од стручен кадар
-
Најава за разрешување на одборот пред главната карневалска ноќ во Струмица