Македонија
1. March 2025 - 16:49

Ќе се откаже ли државата од придонесите за повисок минималец?

Ќе се откаже ли државата од над милион евра за да прифати минималец од 500 евра? Средината на март ќе се утврдува износот кој работниците ќе го земаат во април. Согласно законот, минималната  плата треба да се зголеми за 1.800 денари, односно да изнесува 24.400 денари. Но, Организацијата на работодавачи и Синдикатот се согласни за повисока сума, ако разликата за придонеси ја плаќа државата најмногу една година.

- Нашиот предлог е минимална плата од 24.400 денари, а ако Владата се одлучи или поддржи решение за субвенционирање  на поголеми плати, ние тоа би го поддржале., затоа што и нас ни одговара. Сепак, тоа е доброволно дали работодавачите ќе ги качат платите повеќе од 24,400 , однсно дали ќе ги покачат и платите од 30, 40 и 50.000 денари, бидејќи не може ние да разговараме само за минамална плата , затоа што неа ја земаат вработените со најниско образование, со најмали способности и минималната плата не треба да ни биде репер за платите во Македонија- изјави Ангел Димитров, Организација на работодавачи.

Минимална плата во моментов земаат 10 илјади работници. Нешто над минималната уште 20,000 работници. Тоа би значело за 35.000  вработени, по 3,000 денари да плаќа државата., односно  да се откаже од овие пари во буџетот.  Од Синдикатот со став- парите пак ќе се вратат, преку поголемо трошење на работниците

- Работниците повеќе ќе трошат и со купување храна , каде има 5, 10 или 15% ДДВ, повторно овие пари ќе се вратат во буџетот. Станува збор и за зинсо , кој после плаќањето придонеси повторно ќе го плаќаат работодавачите, изјави Слободан Трендафлов, претседател на ССМ

Минималната плата се утврдува секоја година во март, на социо-економскиот совет,  во договор со синдикатот, владата и работодавачите.  Бидејќи репрезентативноста на ССМ истече во декември, се чека на владина седница прво да се формира Комсија, која ќе ја потврди нивната легитимност, за да можат да преговараат. .

Очекувањата се дека до средината на март би се одржал советот и би се постигнал  договор за минималецот.  

НЕТО ПЛАТА         БРУТО ПЛАТА                                     ПРИДОНЕСИ КОН ДРЖАВАТА

30.000                 44.712                                                             14.712 ДЕНАРИ

24.400                 36.069                                                              11.669 ДЕНАРИ

                  ---------------------------------------------------------------------------------

РАЗЛИКА                                                                                               3.043 ДЕНАРИ