Во Собранието презентација на унифицирана форма на годишни извештаи
Собраниската Комисија за политички систем и односи меѓу заедниците денеска на седница треба да утврди формат на извештаите кои независните органи и институции ги доставуваат до Собранието на Република Македонија, а кои се во надлежност на Комисијата.
По утврдувањето, усогласената форма според која институциите и независните органи ќе ги доставуваат годишните извештаи до Собранието на Република Македонија ќе ја презентираат пред нивни претставници.
Како што соопшти собраниската - прес служба, процесот на подготовка на усогласената форма на извештаите, што ќе овозможи зајакнување на надзорната улога на Собранието, но и поефикасна соработка, беше поддржан и од Мисијата на ОБСЕ во Скопје, со активно учество на сите институции и независни органи, што се обврзани да доставуваат годишни извештаи до Собранието, а кои се во надлежност на Комисијата за политички систем и односи меѓу заедниците.
На презентацијата најавени се обраќања на претседателот на Собранието Талат Џафери, на претседателот на Комисијата Александар Кирацоски, а преглед на процесот ќе направат заменик-претседателот на Комисијата Хари Локвенец и Нинослав Васиљевиќ, раководител на Отсек за демократско владеење и социјална кохезија, Мисија на ОБСЕ во Скопје, како и претставници на независните институции.
Ново на Сител
-
Нова акција на МВР: Се разбива мрежа за нелегални престои на странски државјани
-
25-годишен мотоциклист почина по сообраќајка во Чаир
-
Европските лидери го осудија убиството пред Еврејскиот музеј во Вашингтон
-
2023 сообраќајни прекршоци изминатите три дена, 362 за брзо возење
-
Во Велес синоќа се запали куќа од удар на гром, повредени нема
-
Манчестер јунајтед претрпе 20 порази во една сезона за прв пат по 50 години
-
Вардар го освои Купот на Македонија
-
Каја Калас: Враќање на Западниот Балкан