Во Словачка пред избори објавен корупциски скандал

Еден месец пред парламентарните избори во Словачка, опозицијата тврди дека е откриен скандал со ненадејно збогатување на еден лекар чии клиники добивале огромни суми од државата на сметка на здравствено осигурување.
Клиниките на лекарот Павел Костка, кои се наоѓаат во неколку словачки градови, обезбедува масажи и здравствена рехабилитација, јави дописникот на МИА.
Словачките медиуми тврдат дека неговиот бизнис започнал „добро да оди“ по доаѓањето на власт на еднопартиската Влада на партијата Смер - Социјална демократија во 2012 година.
Опозицијата објави документи дека државното здравствено осигурување му исплаќа на доктор Костка огромни парични суми врз база на претходно склучен договор.
- Костка во 2012 година земал 140.000 евра, во 2014 година таа бројка веќе била 1,4 милиони евра, што е зголемен профит за 2.100 проценти, преупреди опозицискиот пратеник Мирослав Беблави.
Премиерот Фицо се брани дека ексклузивниот договор со фирмата на Костка бил потпишан за време на десничарската влада на премиерката Ивета Радичова, а Костка негираше дека толкава сума му е префрлана од Владата.
Во исто време, медиумите откриваат уште еден скандал, тврдејќи дека на последната изјава на Костка, напишана во Мајкрософт ворд- формат, како последен автор е напишано името на секретарката на премиерот Фицо, Мариа Тошкова.
- Мене не ме прашувајте, јас не сум експерт за компјутери, одговори Фицо на прашањето зошто на документот е името на неговата соработничка.
Ново на Сител
-

61 возач фатен под дејство на алкохол, 14 возеле со над 1,50 промили
-

Вештак на судењето за „Пулс“: Дискотеката имала три влезови и излези, но не за евакуација
-

Ѓорѓиевски: Нов лик, подобри услови и поголема грижа - ЗОО Скопје се менува
-

Приведени осум возачи поради сторено кривично дело „безобѕирно управување возило“
-

Маск: На секое дете во Америка ќе му подарам по една акција од SpaceX – подарок вреден 10 милијарди долари
-

Мицкоски: Цените на храната и пијалоците во Македонија се меѓу најниските во регионот, потврди Евростат
-

Заврши петтото издание на „Wine Vision by Open Balkan“: Белград три дена во знакот на виното, ракијата и гастрономијата
-

Дизелот поскапува, бензините поевтинуваат – нови цени на горивата од полноќ
