Преглед на вестите од светот
Протести, улично насилство, судири помеѓу демоснтранти и полицијата. Албанија седми ден по ред се справува со револтирани студенти, средношпклоци и грагани кои бараат рерорми во оброзавнието, подобри услови за живот и итна оставака од премиерот Еди Рама. Се протестира во Тирана, Скадар, Елбан, Валона и Леже.
-Единствениот момент кога ќе престанеме ќе биде кога премиерот Еди Рама ќе поднесе оставка, бидејќи државата целосно пропаѓа – условите за живот овде, сè, економијата, образованието, здравството, сè пропаѓа веќе многу години – да, во суштина. Но, сите политичари од двете партии, главните партии, треба да си заминат; во суштина, тоа е она што го сака новата генерација, демонстрант
-Луѓето не се платени онолку колку што треба да бидат; работат долги часови, а на крајот од месецот не добиваат ништо. Не постојат права – има само ниска и висока класа, средна класа нема – па затоа сите се обидуваме да се избориме за нашите права, изјави демонстрант.
Пред старот на денешените протести, премиерот испарти порака до демонстрантите дека го поддржува правото на мирен протест но не и насилството. Нагласи дека нема да преговара со насилни демонстранти, а парично ке го награди секој полицаец вклучен во справувањето со насилните протести.
-И не може да има преговори со никого што го прави ова, бидејќи во моментот кога државата ќе преговара за вакво нешто, таа е веќе падната. А во моментот кога тие ќе победат, нивната логика станува самата држава. Албанија го има доживеано ова и претходно, повеќе од еднаш, и видела дека последиците од тоа се рани на кои им требаат години за да заздрават, изјави Еди Рама, премиер на Албанија.
Рама веке неколку пати изјави дека не помислува да поднесува оствака од фунцкијата, обвини дека за немирите стои надоворешна рака и политички опоненти кои сакаат да го блкираат патот на Албанија кон ЕУ.
Не запираат проетстите ниту во Франција, каде локалните власти се уште ги проценуваат матерјалните штети по ескалацијата за време на викеднот - запалени јавни иннситуции, деловни објекти и ограбени лускузни продавници во Париз, Марсеј, Лимож и Лион. Министерот за внатрешни работи Лоран Нуњез призна дека полицијата во некои градови изгубила контрола над ситуацијата и дека недостигало навремено предвидување на ризиците од ескалација.
Понуди оставка од фунцкијата, но претседтаелот Емануел МАкрон одби да ја прифатти. Министерот останува на функцијата за да се обезеди институционален континуитет истакна Макрон. Во телевизиското обраќање, порача дека Франција чувствува гнев и срам поради случувањата, и истакна дека треба да се прави разлика меѓу демонстрантите со лелитимни барања и групите што учествувале во судрите со безбедносните сили, палењето и грабежите.
-Оние што уништуваа имот мора да платат. Оние што ограбуваа мора да ја надоместат штетата. Оние што се обидоа да ја урнат Републиката ќе сносат одговорност. Вчера, неколку стотици илјади наши сограѓани излегоа на протести, со желба да ги изнесат своите легитимни барања. Никогаш не смееме да ги поистоветуваме нив со оние што уништуваа, вандализираа и ограбуваа. Овие демонстранти изразија загриженост поради трошоците за живот и цените на горивата, кои се последица на конфликтот што започна во Персискиот Залив – конфликт во кој Франција не учествуваше, но чии последици ги чувствуваме. Целосно ја разбирам нивната загриженост, изјави Емануел Макрон, претседтаел на Франција.
Во насилствата за време на викдендот биле повредени над 500 припадници на безбедносните служби и пожарникари а 2397 демонстранти се приведени. ФРанција се соочува со со еден од насериозните бранови на граѓански немири во последните години, откако масовните протести поради економска криза и сосотјбите во обраозваниетот ескалираа во насилство.
Слично како и во Албанија и Франција, илајдници студенти, средниошклоци, граѓани излегоа на улиците во Италија, Белгија и Портогалија поради лошите образовни политики, кратењето ан буџеттот за обраозвание, високите трошоци за живот и станебата криза.
-Животот е неверојатно скап, зарем не? Цените растат на суров начин. Треба да видам што ќе се случи со мојот станбен кредит во наредните месеци, кога ќе следи негово усогласување. Многу сум загрижен. Пред сè, чувствувам дека владее општа атмосфера на голема злоупотреба – голема злоупотреба кон животите на луѓето, изјави жител на Лисабон.
-
Емилија Штерјов
Сите содржини од овој новинар
