Во Словачка формирана единица за борба против тероризмот
Словачкиот премиер Роберт Фицо денеска изјави дека полицијата ќе може да реагира на новите бранови на екстремизам и на фашизам кои се појавија во Европа, а почнаа да се појавуваат и во неговата земја.
Неговата изјава уследи по формирањето на посебна полициска единица против тероризмот и ултрадесничарскиот екстремизам.
Фицо ја претстави единица составена од 100 елитни офицери, кои ќе се занимаваат и со истражување на финансирањето на тероризмот и екстремизмот.
- Не е доволно само да се реагира на зборовите на тие кои го негираат холокаустот или ја слават нацистичката марионетска држава, каква што беше Словачка за време на Втората светска војна, посочи Фицо.
Тој не именуваше ниту еден поединец или група, но словачката неонацистичка Народна партија Наша Словачка има 14 пратеници кои отворено ја поддржува Словачка од периодот на Втората светска војна.
Ново на Сител
-
Мицкоски: Бугарија врши жестоки притисоци во пресрет на гласањето на извештајот
-
Филипче тврди дека власта има драматичен пад на рејтингот, Мицкоски ја обивнува опозицијата за предавство
-
ВМРО-ДМНЕ и ЗНАМ со заеднички кандидати за градоначалници
-
„Македонско село“ ги отвори портите за посетители
-
Преглед на вестите од светот
-
Мицкоски: Позитивни податоци за земјоделството
-
Комплексот Македонско село повторно ги отвори вратите
-
Ребалансот на буџетот на Владина седница