-->
-->
Во Скопје казнети 162 возачи, 82 за брзо возење
-->
Министерството за внатрешни работи во акциски контроли во сообраќајот вчера на територијата на град Скопје изрече 164 мерки, меѓу кои за возење над дозволената брзина 82, како и шест санкции за возење без возачка дозвола. Санкционирани се и седум мотоциклисти. Изречени се 10 санкции за користење мобилен телефон, две за управување под дејство на алкохол, исто толку за непрописно престигнување и обиколување и 31 за непрописно паркирани возила.
-Засилените сообраќајни контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта, соопшти МВР.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Јавна седница на апелација – Нино Васев и Нехат Нухи бараат укинување на куќниот притвор
-
Штипјани со зголемена финансиска дисциплина
-
Преглед на вестите од светот
-
Средба на историската Комисија во Атина
-
Тема на денот со Ивица Томовски, директор на СОЗР
-
Владата го усвои ребалансот на Буџетот
-
„Таков каков што сум’’ - aвтобиографија на бизнисменот Кочо Анѓушев
-
Инцидент во Советот на Општина Кочани - советникот Акиов повреди вработена