Во штипскиот Основен суд закажано судењето за убиството врз 29 годишната Емилија Прошева
Во Основниот суд во Штип на 10 февруари во 9.30 часот почнува судењето против Фадил Зејнелов, кој на 1 ноември го изврши убиството врз 29 годишната Емилија Прошева.
Овој судски предмет се падна кај судијата кривичар во Основен суд во Штип, Сашко Георгиев, кој откако му престана мандатот како член на Судскиот совет се врати на своето работно место во штипскиот Основен суд.
Според истрагата на Основното јавно обвинителство за убиството на штипјанката Прошева обезбедени се докази според кои обвинетиот на 1 ноември 2024 година, при вршење семејно насилство, со умисла ја лишил од живот својата вонбрачна партнерка. Откако се договориле и се сретнале пред нејзиниот дом, заедно отишле во напуштен објект на Јавното претпријатие „Исар“ за да разговараат за проблемите во нивната повеќегодишна врска.
Разговорот преминал во расправија, по што обвинетиот физички ја нападнал жртвата и започнал да ја удира со тупаници. Кога таа паднала на подот, тој започнал силно да ја стега во пределот на вратот, додека не дошло до прекин на дишењето и нарушување на дотокот на крв во мозокот, како резултат на што жената починала. Кога се уверил дека не дава знаци на живот, тој го напуштил местото и сам се пријавил во Полициска станица-Штип.
МИА тогаш информираше и за барањето на Невладините организации кои работат на женските права и со жртвите на семејно насилство и се согласни дека ова убиство е фемицид. Жртвата претходно пријавувала насилство, но постапката против Зејнелов кој го изврши убиството ја има запрено на 2 септември, за што тогаш потврдија и од Центарот за социјални работи во Штип. Бети Пеева од Невладината „ЕХО“ од Штип за МИА изјави дека подолг временски период бараат законски измени, со цел кривичното гонење против насилнокот да оди по службена должност.
Ново на Сител
-
„Вратете ѝ ги боите на Фросина“ порачаа илјадници граѓани на масовниот протест
-
Заврши акцијата „Вардар“, приведени десет лица
-
Културните работници и уметниците во Србија најавуваат за утре блокада на Министерството за култура
-
Данска владее со светскиот ракомет: Историска четврта последователна титула
-
СП во ракомет: Франција ја освои бронзата во драматична завршница
-
Пандов: Затворски полицаец му овозможил на Јованов мобилен во притвор, поднесена е претставка и претстои суспензија
-
Вучиќ повика на разговори со универзитетските претставници „Што е можно поскоро“
-
Започна протестниот марш „Правда за Фросина“ кои го предводат нејзините родителите