Во Штип во текот на месецов регистрирани 283 случаи на грип
Бројот на заболени од грип и заболувања слични на грип на територија на Општина Штип се зголемува, само од почетокот на февруари до вчера регистрирани се 283 случаи на грип и заболување слични на грип, информираат денеска преку писмено соопштение од Центарот за јавно здравје-Штип.
- Заклучно со седмата недела од 2025 година, во општина Штип пријавени се вкупно 609 случаи на групни пријави за заболени од грип/заболуваньа слични на грип.Во возрасната група од 0-4 години пријавени се 39 лица, на возраст од 5-14 години пријавени се 74 лица, на возраст од 15-64 години пријавени се 416 лица и во возрасната група над 65 години пријавени се 80 заболени лица, се вели во соопштението од Центарот за јавно здравје-Штип.
Во него се наведува дека по месеци започнувајќи од месец ноември регистрирани се осум случаи, декември – 11, јануари – 307 случаи, а февруари – 283 случаи. Согласно овие податоци, во Општина Штип има висок интензитет на вирусот на грип, велат од Центарот за јавно здравје - Штип
Матичните лекари во овој период препорачуваат често миење на рацете, провретрување на просториите, внесување на течности како чаеви, сокови, лимонади, но доколку ситуацијата се влошува потребни се консултации со матичен лекар. Oна што особено лекарите апелираат е граѓаните да не се лекуваат на своја рака, бидејќи грипот е вирусно заболување.
Ново на Сител
-
Голем бод за Македонија против Белгија
-
Паднати дрвја, заглавени возила, сообраќајни пречки и поплавени дел од улиците во Скопје
-
ЦУК: По невремето нема пријави за повредени лица, само материјална штета
-
Ванг Ји: Кина и Франција постигнаа консензус за решавање на трговските прашања
-
Православна читанка | Епископ Стобиски, г. Јаков | Неформално | Sitel Podcast 097
-
Рама: Албанија влегува во уште една престижна мапа на Европа
-
Германски генерал вели дека Европа може да ги поддржи воените напори на Украина и без САД
-
ЕУ не исклучува можност за одложување на спроведувањето на делови од Законот за вештачка интелигенција