Македонија
6. јуни 2025 - 8:04

Сончево и многу топло, попладне дожд и грмежи

Времето денеска ќе биде сончево и многу топло со мала до умерена облачност. Попладне ќе има развој на нестабилна облачност со пороен дожд и грмежи, наместа во форма на невреме со засилен ветер и услови за појава на град. Максималната температура ќе биде во интервал од 24 до 36 степени.

Во Скопје, сончево и многу топло со мала до умерена облачност. Попладне во делови од котлината ќе има услови за нестабилност со пороен дожд и грмежи.

Како што информира УХМР, под влијание на влажна и топла воздушна маса од југ до недела времето ќе биде многу топло.  Изолирана појава на нестабилност ќе има и в сабота. 

Од понеделник ќе преовладува претежно стабилно време, а дневната температура ќе биде во опаѓање.