Македонија
6. May 2021 - 12:19

Во Штип одбележана 100-годишнината од раѓањето на Блаже Конески

Одбележана 100 годишнината од раѓањето на великанот, македонскиот книжевен, културен и јавен работник, академик, поет, прозаист, есеист, книжевен историчар, филолог и јазичар, преведувач  и еден од кодификаторите на современиот македонски литературен јазик,  Блаже Конески. За зголемување на интересот  кон современиот македонски јазик, од лани на Филолошкиот факултет при УГД се стипендираат сите студенти по македоностика во прва година.

Оваа година планираме истото да го направиме, со поддршка на Универзитетот, на Институтот за јазици при Филолошкиот факултет, обебзедивме стипендии за сите ново запишани студенти на макеоднистика- изјави Драгана Кузмановска декан на Филолошки факултет - УГД - Штип.

Годинава се одбележува и 20 години постоење на Фондацијата за македонски јазик „Небрегово“ , именувана по родното место на Конески, која ја реиздаде книгата од 1948 година, „ По повод најновиот напад на нашиот јазик“.

Тоа е историска книга, тоа е дело кое го потврдува постоењето на македонскиот јазик. Јас само ќе додадам, македоснкиот јазик е аксиома, непобитна вистина-изјави Атанас Конески, секретер на фондацијата „Небрегово“.

На денот на македонскиот литературен јазик, а имајќи ги во предвид актуелните случувања и настани во врска со јазикот, повеќе од било кога досега е потребно негово изучување и негување за да и го оставиме во аманет на идните генерации.