Во Штип изложба на дела на Ниче Василев
Во галеријата „Безистен“ во Штип денеска е отворена изложбата на дела од македонскиот сликар Ниче Василев. Штипската публика може да види 28 дела на Василев кој вели дека инспирацијата ја црпи од убавите жени и пејсажи.
- Јас сум среќен што сум во Штип и ова е моја петта изложба во Штип. Инспирацијата ја наоѓам секаде каде што ќе видам убави жени и пејсажи, вели Василев.
Директорот на Заводот за заштита на споменици и Музеј на град-Штип, Зоран Читкушев посочи дека со денешнава изложба се одбележуваат 40 години творештво на познатиот македонски сликар Ниче Василев, кој е од Струмица, а своето образование го стекнал во Бугарија и Полска.
- Сликите во најголем дел се масло на платно, тоа се портрети, фигури и пејсажи, рече Читкушев.
Штипската публика делата на Василев може да ги види во штипската галерија „Безистен“ во наредните 14 дена.
Ново на Сител
-
Teма на денот со Благојче Атанасовски, политиколог
-
Портокалов аларм за снежна бура во Македонија
-
Пратениците ѝ изгласаа недоверба на Илире Даути, но таа останува на функцијата
-
Газдите бараат работници, на доктори им се нуди минималец
-
Oткупот на тутун скоро при крај
-
Амбулантите се полнат, пикот на грипот се очекува кон крајот на месецот
-
За Водици се очекуваат голем број посетители
-
Снежен бран ја очекува Македонија