Амбулантите се полнат, пикот на грипот се очекува кон крајот на месецот
Амбулатните речиси полни од пациенти со симптоми на грип и заболувања слични на грип. Пикот се очекува кон крајот на овој и почетокот на наредниот месец, иако бројката на заразени и пациенти кои барале лекарска помош веќе се зголемуваат.
- Малаксаност, главоболка, болка во грло, кашлица, покачена темература, тоа се најчестите симптоми на кои се жалат пациентите. Перидот на грип веќе е започнат уште пред новогодишните празници и како и секоја година пикот се очекува крајот на месец јануари и почетокот на месец февруари. За ова придонесува и перидот на дружењето, домашните слави и празниците., изјави Валентина Митрова, специјалист по општа и семејна медицина
Позитивно е што зимскиот распуст е во тек и грипот барем засега нема да се пренесува и шири меѓу учениците. Лекарите препорачуваат за лицата со симптоми на грип да не се движат во групи, туку да мируваат во домашни услови, да земаат витамини и чаеви, но никако да не земаат медикаменти без препорака на лекар.
- Никако антивиотици на „своја рака“ без преглед и препорака од лекар. Оние што имаат хринични забиолувања, како дијабетес, покаќен крвен притисок или асма, бронхит, да побарат совет од лекар веднаш, затоа што кај нив, посебно кај повозрасните грипот може да биде сериозно заболување, додаде Митрова
Според податоците на ИЈЗ, на ниво на држава се забележува зголемување на бројот на заболувања слични на грип, но се уште е под неделната граница за сезонска инфлуенца, што значи дека во Македонија во однос на регионот има низок интензитет на вирусот на грип.
-
Трајан Ристовски
Сите содржини од овој новинар