Во Штип асфалтирани 28 улици
Во општина Штип за пет месеци инвестирани се 1.300.000 евра информира денеска портпаролот на Општина Штип, Драган Ристов.
Тој истакна дека од асфалтирањето на првиот дел од патот до село Пухче во мај годинава, па се до последната асфалтирана улица „Тодор Чучков“ минатиот викенд, досега локалната самоуправа асфалтирала 28 улици.
- Следи асфалтирање на дел од „Вардарска“ за што веќе се издвоени 4,4 милиона денари, завршени се и тендерите за улици во селата Врсаково и Долани, а во тек е тендерската постапка за пат до село Суво Грло, рече Ристов.
- Исто така, градоначалникот Илчо Захариев како обврска на листа ја има ставено дополнително и улицата до Света Недела, како и неколку помали улици во населба Три Чешми, со што оваа година ќе заврши со асфалтирање на 34 улици, додаде Ристов.
Општина Штип почна со подготовка на листата за нови улици, кои ќе бидат дел од програмата за асфалтирање за идната пролет.
Ново на Сител
-
Проекти и ветувања на кандидатите за град Скопје
-
Локални избори
-
Неврологот Игор Кузмановски ќе плати казна од 500 евра бидејќи работел без лиценца
-
Со млаки радијатори почна грејната сезона во Скопје
-
Како ќе функционира „Везилка“
-
Преглед на вестите од светот
-
Уште три дена кампања, лидерите ја заоструваат реториката
-
Ѓорѓиевски најави повеќе мерки за подобрување на образовниот процес