Во шкафчето под мијалникот не се чуваат сите видови кујнски производи
Местото за складирање е клучно за подобра организација, но празните катчиња во кујната не значат дека треба сѐ да се остава на секое достапно место во неа. Ова, некако, особено важи за просторот под мијалникот, кој станува „шкафче за сѐ и сешто“ во многу домаќинства.
Иако тоа може да изгледа практично, просторот под мијалникот не е погоден за складирање на сите видови предмети во кујната. Силните средства за чистење најдобро и најбезбедно е да се чуваат подалеку од дофат на деца, а не така ниско во кујната. И запаливите производи, како што се бои и лакови, не треба да се чуваат под мијалникот, бидејќи претставуваат опасност од пожар.
Freepik
И хартиените крпи во ова шкафче може да станат влажни и валкани. Важно е, исто така, да не се чува храна под мијалникот… Тука се има предвид и храната за домашни миленици, бидејќи местото подложно на влага може да придонесе за појава на мувла. Истото важи и за садовите – најдобро се чуваат на суво и чисто место.
Избегнувајте и складирање светилки под мијалникот, бидејќи истекување вода може да ги оштети електричните делови.
Просторот под мијалникот, обично, е погоден за чување на основните средства за чистење, како што се течности за миење садови, стакло и за работните површини, како и сунѓери и четки. Сепак, овие предмети треба редовно да се менуваат за да се избегне таложење нечистотија и бактерии.
Во ова шкафче се препорачува и заштитна подлога за спречување мувла, заради превенција во случај на појава на вода и слично.
Ново на Сител
-
Во шкафчето под мијалникот не се чуваат сите видови кујнски производи
-
Со автомобил удрил во семафор и во пешак па избегал | ФОТО
-
Вчера казнети 773 возачи, 73 возеле без возачка дозвола
-
Ватикан: Папата ноќеска добро се одморил
-
Францускиот лекар, обвинет за силување деца, призна дека правел „одвратни работи“
-
Управата за финансиска полиција поднесе кривична пријава против бизнисмен од Тетово за даночно затајување
-
Скај Спортс го прогласи Роналдо за најплатен спортист минатата година
-
Путин им нуди договор на САД за наоѓалишта на ретки суровини