Во септември издадени 326 одобренија за градење
Во септември годинава се издадени 326 одобренија за градење, што е за 17.7 % повеќе во однос на истиот месец од претходната година, соопшти Државниот завод за статистика.
Според издадените одобренија за градење, предвидената вредност на објектите изнесува 6 678 877 илјади денари,
што е за 43.8 % повеќе во однос на истиот месец од претходната година.
Од вкупниот број издадени одобренија за градење, 186 (57.1 %) се наменети за објекти од високоградба, 79 (24.2 %)
за објекти од нискоградба и 61 (18.7 %) за објекти за реконструкција.
Од вкупно 326 објекти, на 192 (58.9 %) како инвеститори се јавуваат физички лица, а на 134 (41.1 %) објекти инвеститори
се деловни субјекти.
Во извештајниот период е предвидена изградба на 773 станови, со вкупна корисна површина од 72 274 м2.
Ново на Сител
-
Фон дер Лајен на 15 октомври во Скопје
-
Васил Јованов бара поблага казна, обвинителството очекува повисока
-
Засилување на вакцинацијата со МРП за да не дојде до епидемија – синхронизација на 12 закони во здравството
-
Преглед на вестите од светот
-
Се санираат штетите од вчерашниот дефект во Влае кој го остави Скопје без вода
-
СДСМ денеска во Илинден, Петровец, Карпош и Центар
-
ВМРО ДПМНЕ денеска во Македонски Брод и Кичево
-
Османи најавува проекти за развој на спортот во Чаир