Во САД пристигнаа првите сириски бегалци согласно забрзаната програма за преселување

Првото сириско семејство, преселено во САД, согласно забрзаната програма за бегалци, пристигна од Јордан во американскиот град Канзас Сити, за да почне нов живот.
Ахмад ал Абуд, кој се пресели заедно со неговата сопруга и петте деца, изјави дека му е благодарен на Јордан, каде живеел три години, откако избегал од граѓанската војна во Сирија.
Четириесет и пет годишниот маж од Хомс изјави дека е подготвен да изгради подобар живот во САД.
- Среќен сум. Америка е земја на слободата и демократијата, има можност за работа, има добро образование и ние со нетрпение очекуваме да водиме добар живот тука, рече тој.
Додека живееле во Мафрак, северно од Аман, Абуд не можел да најде работа и семејството преживувало со бонови за храна.
- Подготвен сум да се интегрирам во САД и да почнам нов живот, изјави тој на аеродромот во Аман, пред да се качи заедно со семејството на авионот за Канзас Сити.
Од октомври, илјада сириски бегалци се преселија од Јордан во САД. Американскиот претседател Барак Обама како цел постави преселување на десет илјади сириски бегалци до 30 септември.
Ново на Сител
-

Собранието избра нови членови на ДИК и Комисијата за заштита од дискриминација
-

Расте поддршката за членство во ЕУ - 71% од граѓаните сакаат во Унијата но само 24% се за уставни измени
-

СДСМ го поддржува протестот на синдикатите
-

Јавна расправа за Нацрт-закон за отворени податоци и повторна употреба на податоците од јавниот сектор
-

Потребна е вонсезонаска понуда во Охрид
-

Во Штип лани речиси секој ден се продавал по еден стан
-

Преглед на вестите од светот
-

Србите го слават Свети Сава
