Македонија
28. January 2026 - 12:24

Потребна е вонсезонаска понуда во Охрид

Туристичките работници и агенции треба заеднички да креираат богата вонсезонска понуда која ќе опфаќа културен ,рурален ,верски и гастро туризам.

Од ноември до март со исклучок на Новогодишните и божиќните празници во главниот туристички центар неопходно е понудата да се прилагоди кон барањата и потребите на туристите да се воведат вонсеознски намалени цени на сместувањето и угостителските услуги се  со цел да се продолжи туристичката сезона.

Градот работи на модернизација и инфраструктурно уредување и има капацитет за привлекување гости и во зимските месеци.

Експертите изминатава летна сезона ја оценуваат како успешна. Гости имаше од април па се до крајот на октомври.