Во Русија се испитуваат 47 вакцини за новиот коронавирус
Во Русија во моментов се работи на тестирање на 47 вакцини против новиот коронавирус, изјави денеска руската вицепремиерка Татјана Голикова.
– Откривањето на инфекции со коронавирус е важен аспект на овие активности. На 14 платформи се работи на вкупно 47 вакцини. Очекуваме некои да дадат опипливи резултати, рече Голикова пред Советот на Федерацијата, горниот дом на рускиот Парламент.
Околу 43 милиони американски долари од федералниот буџет се наменети за развој на систем за тестирање на коронавирус и вакцини, пренесува ТАСС.
Александар Гинтсбург, директор на Институтот за епидемиологија и микробиологија „Гамалеја“, претходно изјави дека вакцината против коронавирус би можела да биде регистрирана во Русија во август.
Предклиничките испитувања, објасни тој, треба да траат уште еден месец. Тие истражувања треба да ја утврдат токсичноста и реактивноста на вакцината, како и нејзините други својства, врз основа на кои може да се почне со тестирање на луѓе.
Ново на Сител
-
Еврообврзница на почетокот на наредната година
-
Тема на денот со Гордана Димитриеска Кочоска, министерка за финансии
-
Убиство пред казино во Кавадарци
-
Фондот за здравствено осигурување лани платил 45 милиони евра за кардиолошки и кардиохируршки интервенции
-
Филипче: Нема сценарио за хаос на избори
-
Деканот на Градежен, Горан Марковски кандидат за градоначалник на Скопје од Независни заедно
-
Герасимовски бара граѓански кандидат за Совет
-
Стефковски: Историски развој на Гази Баба, реализирани 670 проекти за 4 години