Свет
26. April 2025 - 11:58

Во Рим средба Трамп – Зеленски

Во Рим денес се случи средба помеѓу американскиот претседател Доналд Трамп и украинскиот претседател Володимир Зеленски, пред церемонијата на погребот на папата Франциск.

За средбата потврда стигна од претставник на Зеленски, додека од Белата куќа ја карактеризираа како “многу продуктивна”. Ова е првпат Трамп и Зеленски да се сретнат по нивната вербална расправија во Белата куќа во февруари.

Претходно, Трамп изјави дека Украина и Русија се приближуваат кон значаен договор. “Само што слетав во Рим. Добар ден за разговори и состаноци со Русија и со Украина.”

Трамп нагласи дека се “Многу блиску се до договор, а двете страни сега треба да се сретнат на високо ниво за да ја довршат работата.”

Тој исто така сподели објава на неговата социјална платформа “Трут соушл” (Truth Social), во која стоеше дека “Повеќето главни точки се договорени. Запрете го крвопролевањето, ВЕДНАШ.” Додаде: “Ќе бидеме секаде каде што е потребно за да помогнеме да се стави КРАЈ на оваа сурова и бесмислена војна.”