-->
-->
Во Ресен излезноста до 19 часот 45,2 отсто, во Демир Хисар 62 отсто
-->
Во општините Ресен и Демир Хисар изборите се во тек, а граѓаните без проблеми и безбедно го остваруваат правото на глас и избор.
Заменик претседателот на ОИК Ресен Ивана Гегараковска информира дека до 19 часот на сите 50 избирачки места вкупно гласале 45,2 отсто од евидентирани 16.580 избирачи со право на глас.
Непречено се одвива изборниот процес и во Демир Хисар, потврди претседателот на тамошната ОИК Митко Јанкуловски.
-Во Општина Демир Хисар до 19 часот гласале 62 отсто од 7.041 полнолетни гласачи кои денеска гласаат на 36 избирачки места, истакна Јанкуловски.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Муцунски во посета на Казахстан: Во фокусот економската и политичката соработка
-
Скопјанец приведен за семејно насилство
-
70-годишен велосипедист од Охрид тешко повреден во сообраќајка
-
43-годишник почина по каснување од пчели во гостиварско
-
Пропадна уште еден обид за конституирање на Собранието на Косово
-
Покрај Крмзов обезбедени уште две лица - Обвинителството за утре најави брифинг за случајот
-
Околу 60 демонстранти приведени во Сан Франциско
-
Фон дер Лајен: Ако не ги заштитиме океаните ја ризикуваме нашата иднина