Во Прилеп се санираат последиците од вчерашното невреме
Во Прилеп се санирани речиси сите последици од вчерашното невреме проследено со пороен дожд, информира претседателот на Кризниот штаб во Прилеп, Никола Димески.
- Екипите на „Водовод“, „Комуналец“ и на Противпожарната бригада синоќа ја испумпуваа водата од објектите и подрумите поплавени во Прилеп и од улиците во градот. Според пријавите на граѓаните, од 40 случаи, 16 беа за поплавени подруми, објекти и приземни простории претежно во населбите Бончеица, Тризла и дел од населбата Рид. Отстранети се и дефектите во електричната енергија во градот. Центарот за јавно здравје ќе изврши третирање кај поплавените објекти за превентивна заштита, изјави Димески.
Според информациите од Центарот за управување со кризи во Прилеп, изутринава поради невремето се уште без струја се две прилепски села - Веселчани и Загорани и три во општина Долнени – Житоше, Борино и Лажани поради искинати жици во електричната мрежа. Екипите на ЕВН работат на отстранување на дефектите.
Прилепски „Комуналец“ изутринава ги чистеше улиците, а Кризниот штаб ќе се состане во 11 часот за координирање на активностите.
Ново на Сител
-
EУ почна преговори со Украина и Молдавија
-
Teма на денот со Зоран Јовановски
-
EУ почна преговори со Украина и Молдавија
-
Прва инвестиција на новата Влада вредна 500 милиони долари
-
Почна расправа за струјата
-
Од министерска во директорска фотелја – Фатмир Меџити е нов директор на Клиниката за неврологија
-
Клиниките во Скопје и Штип ќе ги лечиме на арбитража во Париз
-
На секоја втора фирма лани и било барано мито, сумите одат и до 100 илјади евра