Македонија
3. November 2015 - 15:23

Во Прилеп се поставува голем споменик Крал Марко на коњ

На плоштадот „Методија Андонов Ченто“ во Прилеп денеска се поставува голем споменик на Крал Марко.

Од локалната самоуправа информираат дека споменикот на „Крал Марко на коњ“, е излеан во бронза и е дело на скулпторот Војдан Запров. Висок е 5 метри. Се мести на постамент висок 3,70 метри.

Се уште не се знае кога свечено ќе биде откриен споменикот на Крал Марко.