Се лансира правосудна мрежа за борба против корупцијата
Правосудна мрежа за борба против корумпираните. Во Македонија се лансира мрежа каде професионалци од кривично-правниот сектор ќе споделуваат искуства и ќе поттикнуваат доверба за да се искоренува корупцијата, која е широко распостранета во државата.
Вицепремиерот за добро владеење вели дека владата почала со системски ревизии на сите институции, кои треба да адресираат корумпирани дејствија, а потоа и да се санкционираат виновниците. Говорејќи за корупција, американската амбасадорка е децидна дека постојано се разгледуваат нови имиња од Македонија кои ќе завршат на црната листа на САД. Но, не прецизираше кога би се додало ново име, бидејќи тоа се одлуки кои ги носи Вашингтон.
Заедничкото на земјите од Западен Балкан, меѓу другото е и корупцијата. Властите очекуваат правосудната мрежа во Македонија да биде модел и за останатите земји од Западен Балкан. А на првата регионална конференција во организација на Амбасадата на САД и во соработка со Бирото за меѓународни наркотици и спроведување на законот, се очекува да бидат прецизирани сите детали околу формирањето на правосудната мрежа.
-
Габриела Лескова
Сите содржини од овој новинар