Граѓанските организации бараат државата да ги унапреди превентивните здравствени програми и да не крати средства
Бремените жени кои немаат здравствено осигурување бесплатно да одат на редовни прегледи и контроли. Граѓанските организации апелираат да се врати оваа програма која е укината во 2022 година. Исто така и неосигурените да бидат вклучени во скринингот за рак на грлото на матката.
- Нашите наоди од терен повеќе пати укажуваат дека има жени кои на подолг и пократок рок остануваат без здравствено осигурување. Притоа овие жени не се вклучени и во скрининг програмите, изјави Борјан Павловски од Здружение за еманципација, солидарност и еднаквост на жените ЕСЕ.
Според невладините државата треба повеќе да се фокусира на превенција и да не се кратат средства од овие програми.
- Анализите на граѓанските организации покажаа дека, не само што има недостаток на финансиски средства за опфат за соодветна превенција во здравството туку треба значајно да се подобри и имплементацијата, изјави Елизабета Божиновска, програмската директорка на Хера.
- Од 2022 година досега, постои тренд на опаѓање на инвестициите во превентивните активности за ХИВ од 45 мил. во 2022 година на 21 милион во 2024 година, изјави Андреј Сених, од Здружението “Заедно посилни”.
Заменик министерот за здравство не се согласува со ваквите тврдења и вели дека предлог буџетот за идната година се уште е во собраниска процедура.
- Прво не би се сло=ел со тоа. Конкретно за програмата која беше спомената лани и предминатат година е иста и дополнително предлог буџетот се уште е во собраниска процедура, изјави Јовица Андовски, заменик министер за здравство.
Граѓанските организации за унапредување конкретно на 4 здравствени превентивни програми кои ги опфаќаат пред се социјално ранливите категории ќе побараат подршка и од пратениците членови на комисијата за здравство.
-
Александар Динев
Сите содржини од овој новинар