Во пожар во куќа во Кичево починал нејзиниот сопственик, опожарени возила во скопски Аеродром
Пожар зафатил ноќеска куќа во Кичево во која бил пронајден починат нејзиниот 79-годишен сопственик. Во скопската општина Аеродром, пак, било опожарено патничко возило, а пламените зафатиле уште две возила.
Министерството за внатрешни работи во дневниот Билтен соопшти дека во 4.45 часот денеска во ОВР Кичево било пријавено дека во куќа во Кичево, сопственост на Т.Ј.(79) од Кичево, настанал пожар.
-При интервенција на Територијалната противпожарна единица, бил пронајден починат сопственикот на куќата. Смрт констатирал лекар од Итната медицинска помош, а увид извршила увидна екипа од ОВР Кичево, информира МВР.
Во 4.35 часот во СВР Скопје А.С.(41) од Скопје пријавил дека на подрачјето на Аеродром било опожарено неговото патничко возило „форд фиеста“ со скопски регистарски ознаки.
-Од пожарот биле зафатени и уште две возила со скопски регистарски ознаки - „форд“ сопственост на Г.М.(42) и „ауди“ сопственост на Т.К.(49), двајцата од Скопје, наведено е во полицискиот билтен.
Пожарот бил изгаснат од Бригадата за противпожарна заштита, а повредени лица нема. Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје и се преземаат мерки за расчистување на настанот.
Ново на Сител
-
Групите за човекови права повикуваат на интервенција во Газа по извештајот на ОН за геноцидот
-
Протест пред резиденцијата на Нетанјаху
-
Продолжен притворот за нови 48 часа на сите четворица опфатени со постапка за пожарот во Трубарево
-
АХВ почна со орална вакцинација на лисиците против беснило, внимателно движете се во природа
-
Зголемен прометот во индустријата
-
Активни четири пожари, изминатото деноноќие вкупно 20 пожари
-
Правилникот на ДИК за собирање потписи за кандидатските листи за локалните избори пред Уставен суд
-
Нетанјаху: Трамп ме покани во Белата куќа