Во Пехчево се планираат проекти во вредност од над еден милион евра
Општина Пехчево лани инвестирала 85 милион денари за реализација на проекти дел од програмата на општината, но и на барање на жителите. Градоначалникот Игор Поповски на денешната прес-конференција информираше дека за 2017 година се планирани проекти во висина од над еден милион евра, а меѓу нив се изградба на мост на местото Бамбурци, на трепезарија во детската градинка, како и на улица во индустриската зона Грозил и улици во неколку села.
- Секако, општина Пехчево има просперитет со самиот развој на туризмот, кој треба да биде главен економски двигател, постоечките стопански капацитети треба да опстојат, како и до сега, во перспектива ќе се отворат и два нови рудници за јаглен и за бакар. Со сите овие потенцијали Пехчево за некоја година ќе биде економски развиена општина со голема посетеност на туристи, а младите кои заминаа на печалба ги очекуваме да се вратат и тоа во голем процент, затоа што својата егзистенција можат да ја најдат и во своето родно место, истакна Поповски.
На денешната прес-конференција Поповски ги презентираше реализираните и планираните проекти и посочи дека најголем дел од ветувањата се реализирани, а реализирани се и проекти што не биле предвидени во програмата. Голем дел од планираните проекти за 2016 година, како што кажа, се реализирани, но некои поради административни процедури, изборите и временските услови се почнати или ќе почнат во 2017 година и ќе бидат завршени во првите месеци од 2017 година.
- Во Пехчево се заврши реконструкцијата на старата училишна зграда која е предвидена за потребите на дисперзираните гимназиски паралелки, завршена е и втората фаза на барскиот еко – систем Езерце, а во негова близина направен е и авантуристички парк составен од адреналинска патека и ЗИП линија. Освен ова, направен е таложник за вода до филтер - станицата во Пехчево, изграден и пристапен пат до локалитетот Св. Петка, обезбедени се два нови котли на пелети и нова котлара во детската градинка „7 Септември“, а реализиран е бизнис- форумот за креирање на буџетот на општината, рече Поповски.
Направен е долгоочекуваниот далековод до туристичката населба Равна Река во должина од 13,5 км примарна и 4 км секундарна мрежа.
-Изграден е Едукативен центар за заштита на природата во село Негрево, две улици со бехатон плочки во должина од 1300 метри во село Црник, пречистителна станица за отпадни води во село Црник, хлоринатор за водата за пиење и нов мост во истото село. Во селото Умлена е изграден нов плоштад, во село Робово реконструрина е училишната зграда и дворното место, во село Чифлик реконструирана е училишната зграда и завршена е третата фаза од канализацијата, а подобрени се патиштата во Умлена и Пначарево, рече градоначалникот на Пехчево Поповски.
Ново на Сител
-
Кос: И да го смените уставот нема гаранции дека нема да има нови услови
-
30 дена од трагедијата во Кочани
-
Продолжува владината посета на ОАЕ
-
Таравари останува во Вреди, но сам ќе оди на избори
-
Од петок трговците ќе ги објавуваат цените на интернет
-
Отворен и кариерен ден на УГД– Штип и Стопанска комора на Македонија
-
Фондацијата Елеуса обезбеди Велигденски пакети за над 200 семејства
-
Преглед на вестите од светот