-->
-->
Во Пехчево огласени седум привремени вработувања за лица во социјален ризик
-->
Голем интерес на невработените лица од Пехчево за огласот од Програмата „Општинско-корисна работа за 2016 година“ со која се предвидени седум времени вработувања во детската градинка „7 Септември“. Канцеларијата во Општина Пехчево ја посетиле околу 40 невработени лица, а до денеска се поднесени 13 апликации.
Како што информираше Љупчо Каракашовски советник за ЛЕР од Општина Пехчево, јавниот оглас завршува утре и е наменет за лица кои живеат во социјален ризик.
- Работните позиции кои се опфатени со овој оглас се однесуваат на ангажирање помошник-неговател за згрижување деца до 6 години од с.Умлена, двајца помошници-негователи за згрижување деца до 6 години од с.Чифлик, технички персонал во с. Чифлик и во Пехчево и помошник-готвач. Со реализацијата на овие вработувања, на почетокот на септември, Општина Пехчево ќе стартува со иновативен проект кој предвидува целодневно згрижување на децата од предшколска возраст во селските населби. Идејата е да се опфатат дечињата од селата Чифлик, Умлена, а во втората фаза и од селото Робово. Ќе стартуваме со 16 дечиња од кои 11 од Чифлик и пет од Умлена, рече Каракашевски.
Тој додаде дека за реализацијата на овој проект, општина Пехчево и Детската градинка „7 Септември“ досега инвестирале околу 7.000 евра за реконструкција на старата училишна зграда, каде ќе биде сместена градинката, а следуваат уште инвестиции за превоз, храна и сл.
- Невработените лица кои ќе бидат вклучени во Програмата „Општинско-корисна работа“ ќе бидат работно ангажирани со скратено работно време со 20 работни часови неделно, при што за време на работниот ангажман од 6 месеци статусот на невработените лица останува непроменет, а на невработените лица-корисници на социјална помош за времетраењето на работниот ангажман ќе им биде активно правото на користење социјална помош, рече Каракашевски.
Инаку, Програмата се реализира врз основа на Договорот за соработка помеѓу Агенцијата за врабоитување на РМ, Програмата за развој на Обединетите нации (УНДП) и општина Пехчево согласно Оперативниот план за активни програми и мерки за вработување и услуги на пазарот на трудот за 2016.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
МАЕИ и „Патриотското друштво“ поделија подароци и книги на македонски јазик за децата од неколку села во Пустец
-
Блумберг: Средба Трамп - Путин може да има веќе идната недела
-
Земјотрес со јачина од 5 степени регистриран во близина на Пелопонез
-
Поради магла намалена видливост до 30 метри од селото Лисец до Попова Шапка
-
Ердоган по средбата со Зеленски: Турција ќе биде идеалниот домаќин за можните разговори меѓу Русија, Украина и САД
-
Заканувачки пораки за Гаши
-
Владата го задолжила Министерството за правда да достави предлог за разрешување на јавниот обвинител Коцевски
-
ОЈО Штип обезбеди докази за злоупотреба на службената положба и малтретирање во вршење на служба