Македонија
18. February 2025 - 12:18

Уапсена 37-годишна гостиварчанка, се обидела да помине граница со возило барано од Интерпол

Денеска (18.02.2025) во 03.00 часот на Граничниот премин Табановце, на излез од државата, полициски службеници ја лишиле од слобода Т.О.(37) од Гостивар, затоа што при извршена пасошка контрола и проверка во оперативната евиденција било констатирано дека патничкото возило „пежо“ со српски национални ознаки, кое го управувала, било предмет на потрага од Интерпол-Р.Србија, односно пријавено е дека било одземено. 

Таа била задржана во Полициската станица Куманово. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.